385
Манчестер сити вчера го комплетираше трансферот на Антоан Семењо од редовите на Борнмут за 75 милиони евра и се очекува тој да биде големо засилување во битката на „граѓаните“ со Арсенал за врвот на табелата.
Семењо во новиот клуб беше пречекан од Ерлинг Халанд, а двајцата веднаш ја направија и првата заедничка фотографија во Манчестер.
Ако очекувањата се исполнат, нема дилеми дека „граѓаните“ добиваат страшен тандем.