Измерена брзината на „бомбата“ на Валверде – Облак немал никакви шанси! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид обезбеди пласман во финалето на Суперкупот што се игра во Саудиска Арабија, откако во полуфиналната пресметка го совлада Атлетико Мадрид, а по натпреварот во фокусот на јавноста е спектакуларниот погодок на Федерико Валверде.

Уругвајскиот репрезентативец уште на самиот почеток од мечот го отвори резултатот со гол од слободен удар, испраќајќи вистински проектил кон мрежата на градскиот ривал, по кој Јан Облак остана целосно немоќен.

По дуелот беше објавена и снимка од зад голот на кое може да се погледне ударот од друг агол. Според пресметките топката кон голот се движела со брзина од 108 километри на час.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×