Габриел Мартинели го навлече гневот на фудбалската јавност на „островото“ откако се обиде на сила да го изнесе повредениот Конор Бредли надвор од теренот, навивачите веднаш го потсетија каков „циркуз“ тој направил пред пет години.
Арсенал и Ливерпул синоќа одиграа натпревар без голови, а по крајот на натпреварот, главна тема беше Габриел Мартинели и неговиот неспортски потег.
Во финишот од мечот, Конор Бредли во обид да расчисти една топка, незгодно доскокна и падна покрај аут линијата. Десниот бек на Ливерпул беше во болка, но Мартинели сметаше дека тој симулира и задржува време, па прво го удри со топка, а потоа го турна и се обиде на сила да го изнесе надвор од теренот.
Сепак, повредата на Конор Бредли беше од потежок карактер, па целата фудбалска јавност жестоко распали по Бразилецот.
На социјалните мрежи се појави видео од пред 5 години, кога на мечот помеѓу Арсенал и Вест Хем, Габриел Мартинели се жали на грчеви надвор од теренот, а Микел Артета го тера да се врати на теренот и таму да легне на тревата за играта да биде стопирана.
Remember this
— Willy (@KDWilly395) January 9, 2026
Arteta telling Martinelli to get back on the pitch when injured to stop the game
Same old Arsenal fans pic.twitter.com/BaQQ2w0rhI
Во меѓувреме, напаѓачот на Арсенал се извини за својата постапка.
„Конор и јас разменивме пораки и му се извинив. Во жештината на борбата навистина не сфатив дека е сериозно повреден. Па сакам да кажам дека длабоко жалам за начинот на кој реагирав. Му испраќам најдобри желби на Конор и му посакувам брзо закрепнување“ – гласеше објавата на Габриел Мартинели.