Интер го искористи киксот на Наполи и му се одлепи на врвот! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Интер со 2-0 победи на гостувањето кај Парма и отиде на плус четири во однос на актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи кој денеска одигра само 2-2 на свој терен против Верона.

Димарко во 42. минута даде гол за водство на Интер од 1-0, а конечните 2-0 беа поставени дури во 98. минута кога реализираше Турам.

Фиорентина може да жали што не го победи Лацио на Олимпико. Виолетовите поведоа во 89. минута со 2-1, но Педро од пенал во 95. минута ги спаси Лацијалите од пораз. Конечниот резултат беше 2-2.

Во третиот натпревар од овој термин Удинезе со 2-1 славеше на гостувањето кај Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×