Неколку извори пренесуваат дека Ливерпул го договорил трансферот на Џоел Ордоњез од Клуб Бриж во зделка вредна околу 50 милиони евра.
Првото засилување за Арне Слот во јанури ќе биде нов централен дефанзивец, ова го пишуваат неколку медиуми од Еквадор и „островото“.
Како што велат извештаите, Ливерпул го договорил трансферот на 21 годишниот Џоел Ордоњез од Клуб Бриж, кој важи за еден од најперспективните одбранбени играчи и интерес за неговите услуги пројавија неколку клубови.
Челси се откажа поради високата цена, но на „Енфилд“ решиле да не штедат и ќе инвестираат околу 50 милиони евра за комплетирање на зделката.
Мак Геи во последниот ден од летниот преоден рок беше пред трансфер во Ливерпул, но трансферот пропадна во последен момент, а повредите на Џо Гомез и Џовани Леони само дополнително ја влошија работата кога е во прашање последната линија на „црвените“.
ФОТО: X/Club Brugge KV