Италијанскиот тренер Енцо Мареска повеќе не е шеф на стручниот штаб на Челси, откако денеска доби отказ, а челниците на лондонскиот клуб веднаш започнаа потрага по ново решение за клупата.
Како што пренесуваат британските медиуми, најсериозен кандидат за наследник на Мареска е Лиам Розениор. Станува збор за 41-годишен англиски стратег кој во моментов успешно го предводи францускиот Стразбур.
Фактот што Стразбур и Челси имаат исти сопственици дополнително ја олеснува евентуалната реализација на ваков потег, па евентуалното преминување на Розениор во Лондон не се смета за комплицирана операција.
Розениор ја презеде клупата на Стразбур на стартот од минатата сезона и веднаш остави силен печат, носејќи го клубот до седмата позиција на табелата. Истото место тимот го држи и по 16 одиграни кола во тековната сезона.
Дополнителен плус за англискиот тренер е настапот во Конференциската лига, каде што Стразбур лигашката фаза ја заврши како првопласиран, освојувајќи 16 од можни 18 бодови.