Венгер потврди, Арсенал преговара за трансфер на Обамејанг

by
1 минути читање

Германските медиуми
објавија дека извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис бил забележан во
Дортмунд каде извесно е дека се водат преговори со тамошниот бундеслигаш за
трансфер на Пјер-Емерик Обајенанг.

Наводно, тимот од Лондон
за напаѓачот нуди 50 милиони евра, но од Борусија Дортмунд се решителни во
намерата да не попуштаат на понуди кои се под 60 милиони евра.

Дека Обамејанг е опција
на Арсенал повеќе нема дилеми, за тоа стигна потврда директно и од Арсен
Венгер, кој доколку успее во намерата да се засили со овој напаѓач, би ги споил
повторно во еден ист тим со Хенрих Мхитарјан.

Никогаш не знаете колку
блиску сте до остварување на вашите планови и идеи. Ова е реалноста, тој е една
од повеќето опции кои ги имаме, но имаме ние на што да размислуваме во клубот,
тоа не е единственото нешто. Имаме повеќе опции, а за тоа која ќе биде
финалната одлука, останува да видиме
“ рече францускиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани