Халанд поради фанатичност кон фудбалот за малку не останал без девојката!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ерлинг Халанд е познат по целосната посветеност на фудбалот, но токму таа страст за малку ќе го чинела и љубовната врска. Напаѓачот на Манчестер Сити веќе неколку години е во врска со Изабел Хаугсенг Јохансен, а во јавноста излезе интересен детаљ од нивниот приватен живот.

Норвешкиот голгетер откри дека неговата опсесија со фудбалот во еден период создала тензии и надвор од теренот. Халанд признал дека постојано следи натпревари и дека токму тоа било причина за незадоволство кај неговата партнерка.

Голем љубител сум на фудбалот, ги гледам сите натпревари. На ТВ играа Манчестер Јунајтед и Вест хем, па решив да ги гледам, а мојата девојка ми се закани дека ѝ е доста од фудбал“, изјави Халанд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×