Челси се предомисли и влезе во трката за најбараниот фудбалер во Премиерлигата

by bojan
1 минути читање

Неколку извори од „островото“ објавија дека Челси опипал терен за ангажман на Антоан Семењо, напаѓачот на Борнмут е еден од најбараните фудбалери во Премиерлигата.

Антоан Семењо има откупна клаузула вредна околу 65 милиони фунти која може да се активира во првите две недели од јануари, па со одличните партии во првиот дел од сезоната, го привлече вниманието на многу клубови.

Попладнево пристигна информација која вели дека Челси решил да тропне на вратата на напаѓачот и да опипа терен за трансфер.

И покрај тоа што „сините“ не планирале еден ваков трансфер, се предомислиле, па изминативе денови стапиле во контакт со агентите на Антоан Семењо.

Се верува дека Манчестер јунајтед и Манчестер Сити се главни фаворити за потписот на Антоан Семењо, Ливерпул исто така котира високо, па останува да се види дали Челси може да ја изненади конкуренцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×