146
Манчестер јунајтед го
активирал нивниот голем план за враќање на Кристиано Роналдо во тимот,
пренесува шпанскиот тв канал „Ла Секста“.
Според информациите кои
ги пренесува истиот медиум, се вели дека португалскиот стратег од клупата на
тимот од „Олд Трафорд“, Жозе Мурињо добил зелено светло за реализација на тој
план.
Повеќе медиуми пишуваат
за тоа дека Роналдо повеќе не е среќен во Реал Мадрид, а воедно и фановите на
тој клуб го кренаа гласот против Португалецот, откако на една анкета од страна
на „АС“, мнозинството (67% / 125,000) гласаа дека тој треба да си замине од клубот, тие одговорија негативно на прашањето „Дали Роналдо треба да остане во клубот?“.