Мбапе го изедначи рекордот на Роналдо, Реал ја заврши 2025 со победа над Севиља (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Килијан Мбапе погоди од пенал против Севиља и го изедначи рекордот на Кристијано Роналдо од 59 голови во една календарска година, Реал Мадрид стигна до нова победа за Чаби Алонсо да има помирни божиќни празници.

Реал Мадрид со победа ја заврши 2025 година, а Килијан Мбапе го изедначи рекордот на Кристијано Роналдо.

Вечерва „кралевите“ со 2-0 ја совладаа Севиља за Чаби Алонсо да има помирни божиќни празници.

Белингем го отвори резултатот во 38. минута, а трите бода беа потврдени во 86. минута, Мбапе реализираше најстрога казна.

За Французинот ова беше погодокот број 59 во белиот дрес оваа година, со што се изедначи со постигнувањето на Кристијано Роналдо.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×