60
Дел од медиумите на Островот
пренесуваат дека Алексис Санчез е толку непожелен во составот на Топчиите, што
дури и неговите соиграчи бараат неговиот статус брзо да биде решен.
29 годишниот фудбалер
беше изоставен од страна на Арсен Венгер во поразот од Борнмут со 2-1, а
францускиот стратег тврдеше дека ситуацијата околу Санчез ќе биде решена за 48
часа.
Манчестер Сити се
повлече од трката за Санчез, но во истата остана Манчестер јунајтед, кој пак во
пакет го нуди и Хенрих Мхитарјан, но фактот што во преговорите е инволвиран
агентот на Ерменецот, контроверзниот Мино Рајола, доволно говори за тоа какви
преговори се одвиваат помеѓу двата клуба.