Познати казните за хрватските хулигани кои дивееја во Белград

by
1 минути читање

Шесторица хрватски
државјани кои учествуваа во нередите на големото дерби во српскиот фудбал
помеѓу Партизан и Црвена Звезда постигнале договор со обвинителството во
Белград според кое ќе признаат насилничко однесување во замена за затворска
казна до шест месеци, пренесува „Политика“.

Во Србија, за
предизвикување на нереди на јавно место и насилничко однесување на спортски
настани, највисоката можна затворска казна е 12 години.

Ако се остварат
најавите, по отслужената казна затвор, хулиганите ќе бидат протерани од Србија,
со забрана за влез во истата земја на три години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани