Тевез со провокација до Кинезите: Бев седум месеци на одмор

by
1 минути читање

Карлос Тевез имаше
неверојатна годишна плата од цели 36 милиони евра во Кина, настапувајќи за
тамошниот прволигаш Шангај Шенхуа.

Сепак, тој често беше
критикуван поради своите лоши изданија, а на Аргентинецот по се
се чини дека му било сеедно, тој се врати во Бока Јуниорс
по трет пат во својата кариера и даде изјава која сигурно нема да им се допадне
на Кинезите.

Се’ е во ред, седум месеци бев на
одмор. Кога пристигнав во Кина, веднаш сакав да се вратам во Бока Јуниорс

истакна Тевез.

Немав никакви проблеми со критиките на моја адреса, ниту од тренерот, ниту од претседателот на клубот, едноставно, немав поим што барам таму“ додаде Аргентинецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани