Спортскиот директор на Интер имал средба со агентот на Пасторе

by
1 минути читање

Според информациите кои
ги пласираа во јавноста дел од медиумите во Италија, се вели дека спортскиот
директор на Интер, Пјеро Аусилио имал средба со агентот на Хавиер Пасторе
минатата ноќ.

Се шпекулира дека
преговорите со ПСЖ одат по потешкиот пат, но Интер не се откажува туку така
лесно од намерата да се засили со 28 годишниот Аргентинец кој повеќе не е во
прв план во редовите на францускиот тим.

Вреди да се издвои
фактот дека Интер поради усогласување со Финансискиот Фер Плеј би можел да го
добие Аргентинецот само како позајмен во зимскиов јануарски преоден рок.

Преговорите со ПСЖ одат
тешко од причина што францускиот клуб размислува само за продажба на својот
фудбалер, но не и позајмица, отворена е опција за позајмица со исплата за
обештетување на одреден период, тука Интер би можел да го договори своето
посакувано засилување во составот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани