Фотографијата која донесе мистерија за фановите на Ливерпул: Емре Џан останува на Енфилд?

by
1 минути читање

Германскиот
интернационалец од редовите на Ливерпул, Емре Џан има договор со клубот кој
истекува идното лето, тој веќе може да преговара со останати клубови кои се
заинтересирани за неговиот потпис, а долг период како еден од таквите се
споменуваше Јувентус.

Како и да е, Дејан
Ловрен, Хрватот кој беше капитен на Ливерпул во победата на домашен терен
против Манчестер Сити, на социјалните мрежи објави фотографија заедно во
друштво на Вајналдум и Џан, отвори многу дилеми.

Интересно, Стариџ и
Морено коментираа со симболи за пари, а Ловрен го користеше симболот за
намигнување. Сево ова донесе позитивни реакции кај фановите на тимот од Енфилд.

Велат, кај што има чад,
има и оган, дали е ова најава за убава вест за фановите на Ливерпул, останува
да видиме…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани