Латино сапуница, сега Конте сака да го украде Алексис Санчез од Жозе Мурињо

by
1 минути читање

Минатата недела
се мислеше дека Алексис Санчез конечно ќе заврши во Манчестер Сити откако
„Граѓаните“ не успеаја да го купат играчот за 60 милиони фунти во последниот
ден од летниот преоден рок.

Но клубот од
Етихад не сака да плати повеќе од 20 милиони фунти, проблем е и високата плата
која ја побарал Чилеанецот како и провизијата за агентот, па тоа отвори простор
за Манчестер јунајтед да се замеша и да се обиде да го украде играчот од пред
носот на лутиот ривал.

„Црвените ѓаволи“
се подговени да му искешираат на Арсенал 35 милиони фунти, да му дадат на
Алексис Санчез премија од околу 20 милиони фунти како и неделна плата од
400.000 фунти, а да платат и провизија од околу 10 милиони фунти на неговиот
агент.

Пеп Гвардиола и
Манчестер Сити денеска имаа итен состанок на кој одлучија да се повлечат од
трката, и кога се чинеше дека се е јасно, вечерва пристигна информација за нов
пресврт, односно дека Челси се приклучува во битката за потписот на Алексис
Санчез.

Неколку медиуми
доцна вечерва пренесоа дека Антонио Конте сега сака да го укдаре играчот од
Жозе Мурињо. Формална понуда
од „Сините“ се уште не е пристигната, па Манчестер јунајтед останува фаворит во
овој момент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани