Летното засилување од 150 милиони на Барса е стаклено, Дембеле пак се повреди!

by
1 минути читање

По долги
преговори, Барселона кон финишот на август го купи Осман Дембеле за 105 милиони
евра, и уште додатни преку 40 милиони во бонуси.

Но Французинот
веднаш по пристигнувањето доживеа пех и заработи повреда на задната ложа поради
која мораше да замине на операција и да паузира три ипол месеци.

Тој се врати на
терените на 4. јануари, и кога навивачите конечно се понадеваа дека ќе можат да
видат дел од талентот на Осман Дембеле, играчот повторно се повреди.

„Каталонците“
попладнево соопштија дека пак настрадала задната ложа на левата нога, но не
оној дел кој беше опериран.

Се предвидува
дека поради новата повреда Французинот сега ќе паузира помеѓу три и четири
недели и ќе пропушти пет натпревари од Ла Лига (Бетис, Алавес, Еспањол, Гетафе
и Еибар) како и четвртфиналето од Копа дел Реј како и евентуано полуфинале,
доколку Барса го добие двомечот со градскиот ривал Еспањол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани