401
Се чини дека
италијанскиот калчолигаш Рома нема намера да го трпи недисциплинираното
однесување на Белгиецот Раџа Наинголан, па се поизвесно е дека тој ќе си замине
од Рим.
Според информациите кои
ги пренесува „Газета дело Спорт“, се вели дека Наинголан е се поблиску до
трансфер во кинескиот шампион Гвангжу каде тренер е Италијанецот Фабио
Канаваро.
Белгиецот во шампионот
на Кина би заминал како позајмен фудбалер, но Гвангжу на стартот од летниот
преоден рок на Рома ќе има обврска да и исплати 50 милиони евра.