Ватфорд игра солидна
сезона во Премиерлигата откако со 26 бода се наоѓа на десеттото место на
табелата.
Вистински предводник на
екипата на Марко Силва е 20 годишниот Бразилец Рикарлисон кој со 23 настапи и
пет погодоци е лидер на Ватфорд, а со одличните изданија на терените го
привлече вниманието на гигантите од Премиерлигата.
Како најсериозни
претенденти за потписот на Бразилецот се споменуваат Челси и Арсенал, а Ватфорд
би имал фантастична заработка од евентуална негова продажба откако во летниот
преоден рок го доведе во своите редови за неполни 12 милиони фунти.
Со оглед на фактот што
Алексис Санчез ќе си замине од Арсенал, во тој клуб Рикарлисон би имал слободен
простор за игра бидејќи игра токму на позицијата на која настапува и
Чилеанецот.
Медиумите на Островот го
поставуваат прашањето каде Рикарлисон би се нашол во составот на Челси,
исполнет со фантастични дефанзивци кои се редовни во плановите на Антонио
Конте.