Кеита побарал уште сега да се пресели во Ливерпул, РБ Лајпциг ги одреди условите

by
1 минути читање

„Црвените“ минатото лето се обидоа да го ангажираат 22 годишниот фудбалер од средниот ред, но РБ Лајпциг не сакаше да слушне за продажба.

Ливерпул сепак успеа да го капариса Наби Кеита, и да договори трансфер вреден над 60 милиони евра за летото во 2018.

Но откако Филипе Кутињо потпиша за Барселона оваа недела, клубот од Енфилд изрази желба да го промени планот и уште сега да го донесе Наби Кеита.

Медиумите од Германија сега пишуваат дека самиот играч го известил РБ Лајпциг дека сака до крајот на месецот да се пресели во Мерсисајд.

„Биковите“ се подготвени да му ја исполнат желбата, но за тоа да се случи, Ливерпул ќе треба да плати помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани