96
ПСЖ синоќа обезбеди
триумф на гостувањето кај Амиен со 0-2 во Купот на Франција, а еден од
погодоците беше дело на Нејмар, и тоа од белата точка.
По постигнатиот гол,
Бразилецот имаше досега невидена прослава, ја стави едната копачка на својата
глава, а ваквиот начин на прослава на голот донесе интересни коментари на
социјалните мрежи и дискусија за што точно станува збор.
Бразилецот ги расчисти
дилемите, тој му го честиташе 30 роденден на својот пријател Жоао Селсо Мораеш, инаку бивш фудбалер.