Абидал за битката со ракот: Знаете што ми рече Меси? Повеќе не праќај видеа…

by
2 минути читање

Левиот бек во
2011 доби лоши вести, поточно дека боледува рак и мораше веднаш да замине на
операција. Следната година одново беше „под нож“, овој пат за трансплатација на
црн дроб.

Ерик Абидал ја
победи болеста и успеа да се врати во дресот на Барселона, но тој повеќе не
беше истиот фудбалер, и по кратка авантура во Монако и Олимпијакос реши да се
пензионира.

Французинот сега
откри повеќе детали за периодот кога бил надвор од стројот.

„Чувствував болка
која ќе ја паметам целиот живот, не можев да ја поднесам
– вели Абидал. „Кога докторот ми
кажа дека ќе правам втора операција бев среќен! Не би сакал никој да страда на
ваков начин
.

Тој исто така
раскажа и една епизода со Лео Меси, и тоа како целиот тим бил погоден од она
што му се случувало.

„Бев многу слаб,
и пред еден натпревар направив видео за момците со цел да ги развеселам, им
кажав да не се грижат бидејќи се уште се држам и сум тука. Знаeте што ми кажа
Меси? Повеќе не ни испраќај вакви видеа, не боли многу. Не гледав така на
работите, им велев дека само ги охрабрувам, а тие ми кажаа дека кога ме гледале
мене како да гледале мртовец и биле многу вознемирени
.

Ерик Абидал исто
така открива дека плачел кога Тјери Анри дошол да го посети во болница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани