142
Реал Мадрид конечно одигра меч на ниво и без поголеми проблеми го совлада Атлетик Билбао, но победата носи голема доза грижа поради новите повреди во тимот.
Откако се покажа во одлично светло, повреда заработи Трент Александер Арнолд. Тој имаше проблем и мораше да биде заменет, а слична беше и ситуацијата со Едуардо Камавинга. Французинот беше еден од стрелците и исто така се повреди.
Ситуацијата во Реал не е сјајна, Алонсо е во нови проблеми. Арнолд ќе паузира, веќе отсутен е Карвахал, па на бековската позиција веројатно се враќа Федерико Валверде.