Алегри „полуде“ во финишот на мечот со Лацио, а сега ја дозна казната (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри ја доби својата казна по бурните сцени во финишот од дербито со Лацио.

Во завршницата од натпреварот фудбалерите на Лацио побараа пенал и судијата беше повикан да ја прегледа снимката на ВАР.

Токму тогаш Алегри силно протестираше и влезе во конфликти со официјалните лица, па судијата му додели директен црвен картон. На крајот пенал немаше, но дисциплинската постапка беше неизбежна. Алегри е суспендиран на еден натпревар и ќе мора да плати парична казна во износ од 10.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×