76
Лидерот во Премиерлигата
се помачи но стигна до победа од 2-1 против второлигашот Бристол Сити во првиот
меч помеѓу овие две екипи од Лига Купот.
Дури 8000 фанови имаше
на гостинскиот табор на „Етихад“ арената во Манчестер, а тие пак, си тераа
мајтап со домашните фанови, пееја нешто, што сигурно би им се допаднало на
фановите на Манчестер јунајтед.
„Вашиот град е црвен,
вашиот град е црвен, исто како и Бристол, вашиот град е црвен…“ пееја тие.