Хрватот призна дека затаил данок, Модриќ удрен длабоко во џебот за да не оди во затвор

by
1 минути читање

Фудбалерот на Реал
Мадрид, Лука Модриќ денеска треба да се појави во судот во Мадрид, поради
сомнение со кое се товари тој и неговата сопруга за затајување на данок од
870.000 евра.

Модриќ признал дека не
платил данок за 2013. и 2014. година, а веднаш се согласил да исплати еден
милион евра кон даночните власти.

Хрватот се сомничи дека
во Луксембург основал фиктивна компанија за да го избегне плаќањето на данокот
од претходно наведените години. Ќе издвоиме и дека во Луксембург данокот е
намален на само еден отсто, додека во Шпанија тој изнесува цели 30 отсто, во
одредени случаи има висина и од 50 отсто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани