Медиумите од Италија пренесуваат дека Душан Влаховиќ е пред важна одлука која сепак не е поврзана со неговата иднина, напаѓачот на Јувентус треба да одлучи дали ќе оди со конзервативна терапија или операција, за да ја санира повредата на препоните.
Душан Влаховиќ се повреди против Каљари во саботата, а деталните тестови донесоа лоши вести, не се работи за истегнување на мускулот, туку за кинење на мускулот во пределот на препоните.
Па тој сега е пред важна одлука, дали да одбере конзервативна терапија или пак операција.
Во првиот случај, Србинот ќе треба да одмара околу 45 дена, а потоа 30 дена да работи на рехабилитација, со што ќе биде надвор од стројот околу два ипол месеци. Но со ова нема гаранции дека проблемот целосно ќе биде надминат, и постои можност повредата да биде обновена во иднина.
Па затоа докторите го советуваат за втората опција, односно за операција.
Повредата на Душан Влаховиќ е слична на онаа на Кевин Де Брујне, кој реши да оди „под нож“ и тоа во Антверпен, под надзор на докторот Герт Деклерк, еден од водечките експерти за ваков тип на повреди.
Фудбалерот на Наполи ќе биде надвор од стројот околу 4 месеци, но Душан Влаховиќ е помлад и постои можност да се опорави побрзо, но се очекува да биде „во аут“ најмалку 3 месеци.