Крилниот фудбалер на ПСЖ, Дезире Дуе е новиот овојувач на признанието за најдобар млад фудбалер во Европа под 21 година.
На свеченоста што се одржа во рамките на саемот за автомобили во Торино, во организација на италијански „Тутоспорт“, младиот Французин ја подигна наградата „Голден бој“ откако освои импресивни 450 од можните 500 бодови, оставајќи го зад себе Арда Ѓулер од Реал Мадрид. Со ова, Дуе стана 23. добитник на престижниот трофеј и наследник на ланскиот победник Ламин Јамал.
„Благодарен сум што станав професионален фудбалер, тоа е сон на секое дете. Освоив многу трофеи и сè уште има многу да се освои и на колективно и на индивидуално ниво. Можам да ветам работа и дисциплина до крајот на мојата кариера. ПСЖ е еден од најголемите клубови во светот и среќен сум што сум дел од тоа. Сонувањето е првиот чекор што води кон амбиција, а амбицијата води кон работа за постигнување цели“, рече Дуе.
Свеченоста имаше и емотивен момент кога. Наградата „Златен играч“ посмртно му беше доделена на Диого Жота, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа ова лето, признанието го прими неговата сопруга.