Барса се пофали дека го купила Кутињо на намалена цена но детали не откри, се вадеше на клаузула за тајност

by
2 минути читање

„Каталонците“ минатото
лето силно притиснаа за ангажман на Филипе Кутињо но Ливерпул тогаш не сакаше
да слушне за продажба и ги одби сите предлози.

Откако не успеаа
во намерата да го купат Бразилецот, директорот Алберт Солер се правдаше дека
„Црвените“ во последниот дел од летниот преоден рок им побарал фантастични 200
милиони евра, сума која тие не биле подготвени да ја платат.

„Црвените“ сепак
сега попуштија, и Филипе Кутињо денеска потпиша за Барса.

Па
потпретседателот Жорди Местре се пофали дека успеале да го купат плејмејкерот
на намалена цена. Сепак тој не
откри детали и се правдаше дека Ливерпул инсистирал на тајност.

„Во споредба со
минатото лето, цената сега е намалена
– вели Местре.

„По барање на
Ливерпул, не можам да зборувам за бројки, но цената е значително намалена.
Доколку кажам нешто, ќе го прекршам договорот за тајност со Ливерпул
.

Медиумите од
Англија и Шпанија со денови пишуваат дека зделката е вредна 160 милиони евра од
кои 120 милиони се фиксни а 40 милиони во лесно остварливи бонуси.

Се верува дека
Ливерпул ќе добие по 5 милиони евра за секој 25 настапи на Филипе Кутињо,
односно 20 милиони евра кога играчот ќе стигне до бројката од 100 натпревари во
дресот на „Каталонците“. „Црвените“ ќе добијат и по 5 милиони евра доколку
Барса обезбеди учество во Лигата на шампионите во првите две години од
договорот на играчот како и бонус од 5 милиони евра за триумф во најелитното
европско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани