На Гвардиола и Сити не им се чека, Алексис Санчез следната недела станува „граѓанин“!

by
2 минути читање

„Граѓаните“ во
последниот ден од летниот преоден рок договорија трансфер вреден 60 милиони
фунти, но зделката пропадна откако Арсенал не успеа да го донесе Томас Лемар од
Монако.

Се најавуваше
дека Манчестер Сити и Пеп Гвардиола ќе чекаат 12 месеци за да го добијат
Чилеанецот за без пари, но повредата на Габриел Жесус им ги поремети плановите.

Вечерва голем
број на весници објавија дека двата клуба оствариле контакт и Алексис Санчез следната недела
би можел да стане нов „граѓанин“.

Индипендент објави дека „Топчиите“ го омекнале ставот за продажба на Алексис Санчез поради
лошата атмосфера во соблекувалната и Арсен Венгер дал амин за разделба со играчот за
35 милиони фунти. И Дејли Мејл има слична вест и пишува дека Сити подготвува понуда
од 35 милиони фунти.

Гардијан пак
пишува дека Манчестер Сити се уште нема доставено понуда, но тоа веројатно ќе
се случи во следните неколку дена и на маса ќе биде ставен предлог вреден 30
милиони фунти, кој се очекува да биде прифатен.

Мирор пренесува
дека „Граѓаните“ веќе го направиле првиот чекор со понуда од 25 милиони фунти,
Арсенал ќе го продаде Санчез за правата сума и се верува дека тоа е бројката од
30 милиони фунти.

МЕН исто така говори за трансфер вреден 35 милиони фунти, па очигледно само прашање на време
е кога Чилеанецот ќе се пресели на Етихад Стадинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани