Милан вечер ќе го „скенира“ напаѓачот кој Кјаер го препорача: Може да игра за било кој клуб во Серија А

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан вечерва ќе има свои претставници на натпреварот помеѓу Рома и Мидјиланд во Лига Европа, „росонерите“ ќе го скенираат напаѓачот Франкулино.

Милан е во потрага на нов напаѓач, и едно од имињата кои им фати око е перспективниот Франкулино од Мидјиланд.

Па претставници на „росонерите“ вечерва ќе присуствуваат на „Олимпико“ и ќе го скенираат младиот голгетер, за кој многу пофални зборови има Симон Кјаер.

„Франкулино е напаѓач кој може да игра за било кој тим. Можеби му е рано за Реал Мадрид, но може да игра било каде во Италија. Во него гледам работи кои не се учат, се работи за инстинкт и талент“ – вели поранешниот дефанзивец на Милан, кој сега е дел од бордот на Мидјиланд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×