Алонсо проговори за гласините кои велат дека ќе добие отказ!

by riste
1 минути читање

На редовната прес-конференција пред мечот од Лигата на шампионите против Олимпијакос, Чаби Алонсо мораше да одговара и на прашања за неговата иднина.

Се појавија шпекулации дека има бунт на фудбалери против него и дека тој наскоро би можел да добие отказ.

„Гласините дека ќе бидат отпуштен? Размислувам само на тоа што се случува на тренингот и на натпреварите, тоа е тоа. Не ми е грижа за ништо друго“, рече Алонсо.

„Не можеме да се фокусираме на тоа што се зборува надвор, треба да се фокусираме на нашата работа, на нашите перформанси, на нашиот однос во собелкувалната, на целите кои се обидуваме да ги постигнеме заедно. Не сакаме да бидеме дефокусирани со гласини од тимот „фудбалерите се обидуваат да го отпуштат тренерот’“.

„Дали мислам дека фудбалерите имаат моќ да го отпуштат тренерот? Нема да зборувам за тоа, бидејќи имам голема почит за моите фудбалери“.

„Луѓето зборуваат дека Реал Мадрид е тим на фудбалерите, а не на тренерот? Во секој тим најважни се фудбалерите, не тренерот. Тренерот е само да им помогне на фудбалерите да играат подобро“.

„Дали е потешко да се биде тренер на Реал отколку што очекував? Такво е какво што очекував, предизвикувачки, добри моменти, лошо момнети, сето тоа е вклучено. Навистина уживам. Привилегија е да се биде на оваа ситуација, сериозно“.

„Оваа ситуација не е прва во историјата на Реал Мадрид. Сум видел дека слични работи им се случуваа и на Мурињо и на Анчелоти тука“.

„Дали фудбалерите се тешки за справување? Сум бил опкружен со многу топ фудбалери кои се големи професионалци, многу бараат и се многу самоуверени. Тоа се случува во клуб како Реал Мадрид и треба да се адаптирате“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×