Винисиус Жуниор со дрзок потег го понижи Чаби Алонсо на тренинг (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Винисиус Жуниор ја крена атмосферата на последниот тренинг на Реал Мадрид, се играше шева а Бразилецот со дрзок потег му ја протна низ нозе топката на тренерот Чаби Алонсо.

Чаби Алонсо активно учествува во тренинзите на Реал Мадрид, па така беше и утрово во пресрет на пресметката против Олимпијакос во Лигата на шампиони.

Се играше шева, тренерот на „кралевите“ беше во средина, а Винисиус Жуниор ја крена атмосферата кога со дрзок потег му ја протна токата низ нозе.

Ова изнуди насмевки кај многу фудбалери, помеѓу кои и Килијан Мбапе.

Изминатиов период често се пишува за затегнати односи помеѓу Винисиус Жуниор и Чаби Алонсо, наводно тренерот е една од причините зошто Бразилецот не сака да стави потпис на нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×