Евертон дојде до огромна победа на „Олд Трафорд“ во последниот натпревар од 12. коло во Премиерлигата. Тимот на Дејвид Мојс славеше со 0-1 против Манчестер Јунајтед и тоа со играч помалку. Херој на мечот беше Дузбери Хол кој го постигна единствениот погодок.
Гостите одиграа речиси цел натпревар со намален состав бидејќи во 13. минута директен црвен картон доби Идриса Гана Геј поради конфликт со сопствен соиграч. Ситуацијата предизвика многу реакции, а свој став после мечот даде и тренерот на Евертон, Дејвид Мојс.
„Бев изненаден, мислам дека судијата можеше да одвои повеќе време да размисли. Ми велат дека правилата на играта значат дека си во неволја ако замавнеш дури и кон соиграч. Но постои и друга страна, ми се допаѓа кога моите играчи се расправаат едни со други или се нервираат ако направиле лошо додавање. Ако сакате победнички тим, ќе мора да играте така. Кој и да бил фудбалер, ќе ви каже дека доста често се лутите на вашите соиграчи“, рече Мојс.
Победата носи огромна самодоверба за Евертон пред продолжението од сезоната, а Јунајтед повторно остана со сериозни прашања околу формата и стабилноста на тимот.