132
Српскиот фудбалер Немања Матиќ вчера и на 37 покажа класа постигнувајќи го својот првенец во дресот на Сасуоло против Пиза.
Матиќ во шестата минута од натпреварот го израмни резултатот откако Пиза претходно поведе, а на крајот средбата заврши без победник 2-2.
Во листата на стрелци искусниот фудбалер се запиша со еден фантастичен волеј удар.