„Меси манија“ во САД, гол и три асистенции за конференциско финале на Интер Мајами! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер Мајами славеше на гостувањето кај Синсинати со огромни 0-4 и се пласира во конференциското финале на Истокот во МЛС Лигата. Тимот од Флорида го продолжува патот кон толку посакуваната титула, а одново херој беше Лионел Меси.

Аргентинскиот виртуоз го отвори резултатот со гол за 0-1 во 19. минута од средбата, откако со глава погоди по нафрлување од Силвети. Во вториот дел Меси му ја возврати услугата и му го асистира голот за 0-2 во 57. минута.

До крајот на средбата Меси уште двапати беше асистент на погодоците кои ги постигна Тадео Аленде во 62. и 74. минута.

Во конференциското финале Интер Мајами ќе се судри со Њујорк Сити на 29 ноември. На спротивната страна од ждрепката во западното финале Ванкувер Вајткепс ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Сан Диего и Минесота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×