204
Сасуоло со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Аталанта, со овој триумф можеби му пресуди на хрватскиот стратег Иван Јуриќ кој беше пред отпуштање.
По победата во Лигата на шампионите во Марсеј, Аталанта денеска доживеа студен туш на домашен терен.
Сасуоло поведе во 29. минута со гол на Берарди од пенал, тоа беше резултатот од првото полувреме.
По две минути игра во вториот дел Берарди асистираше до Пинамонти кој го зголеми водството на 2-0 за Сасуоло.
Берарди во 66. минута даде втор свој гол на натпреварот и го постави конечните 3-0 за Сасуоло.
Голема е веројатноста дека по овој пораз Аталанта ќе му даде отказ на Иван Јуриќ.