Шкендија може да ја наполни касата: На врата им „тропнал“ полски гигант!

by Стефан
1 минути читање

Шкендија оваа прикажува сосема солидни настапи во Конференциската лига, а добрите изданија на тетовскиот клуб би можеле да донесат и дополнителен финансиски бенефит преку потенцијални трансфери.

Според албанскиот портал „Опен-ТВ“, дефанзивецот Имран Фетаи со своите игри го привлекол вниманието на полскиот великан Лех Познањ. Младиот фудбалер одигра извонреден натпревар и против Јагелонија, на кој Шкендија беше на чекор до победа, но во последните моменти прими гол за 1-1.

Наводно, скаути на Лех Познањ биле присутни на арената и оставиле позитивна оценка за настапот на Фетаи. Исто така се пишува и дека тој е веќе извесно време под лупа и на неколку други европски клубови, но полскиот тим засега се издвојува како најсериозен кандидат за неговиот потпис.

Пред да пристигне во редовите на Шкендија, Фетаи настапуваше за Беса, Тиквеш, Гостивар и за младинскиот тим на албанската Аполонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×