Иако Наполи минатата сезона го освои вториот шампионски трофеј во Серија А во последните три години, инфраструктурните проблеми остануваат главна грижа.
Стадионот, кој е во сопственост на градот, е стар и нефункционален според Де Лаурентис, кој смета дека тоа директно влијае на финансиската стабилност на клубот.
Говорејќи на настан на миланскиот универзитет „Бокони“, тој направи споредба со миланските гиганти:
„Милан и Интер заработуваат околу 14 милиони евра од мечевите во Лигата на шампионите, а ние едвај три милиони од таа „депонија за ѓубре“’. Разликата е очигледна, нели?“ – изјави првиот човек на Наполи, повторно потсетувајќи дека без нов стадион, клубот тешко ќе може да се натпреварува на европско ниво.
Наполи и сезонава добро тргна, а по десет кола тие се лидер на табелата со 22 бода, еден повеќе од Милан, Интер и Рома.