Франческо Тоти даде
интересно видување во однос на споредбата за тоа каков е фудбалот денес, каков
бил во минатото. Тој рече дека за него е незамислива сумата од 222 милиони евра
која ПСЖ ја издвои за Нејмар.
„Премногу го сакав
фудбалот кој го игравме, онаков каков што беше. Денес се’ се врти околу бизнисот, иако, верувам дека многу
фудбалери би сакале целата своја кариера да ја минат во еден клуб. Тоа веќе е
невозможно со оглед на цифрите кои се вртат..“ изјави Тоти.
„Размислував на фудбалот
цели 24 часа на ден, сега имам други приоритети, семејството. Не сакам да бидам
тренер, ги гледам како губат коса, тоа не ми треба…“ додаде тој.
Италијанецот даде
интересно видување на често поставуваното прашање Роналдо или Меси.
„Меси е број еден, но
немојте тоа да му го кажете на Роналдо или пак Нејмар…“ рече Тоти низ смеа.