Јувентус ја одреди цената на Пауло Дибала, Јунајтед и Мурињо ќе треба длабко да бркнат во џебот

by
1 минути читање

Антоан Гризман
подолго време се поврзува со клубот од Олд Трафорд, но последните информации
велат дека Жозе Мурињо го шкртнал Французинот од листата со желби и се насочува
кон ново име.

Медиумите од
Англија пишуваат дека „Специјалниот“ го идентификувал Пауло Дибала како играчот
кој ќе треба да донесе креативност во форот на Манчестер јунајтед.

Се шпекулира дека
„Црвените Ѓаволи“ веќе доставиле прва понуда вредна околу 60 милиони фунти (67,5
милиони евра), но од таборот на Јувентус сметаат дека оваа сума е смешна.

Се говори дека
најтрофејниот клуб од Англија ќе се врати со предлог вреден 70 милиони фунти
(околу 79 милиони евра) плус услугите на Хенрих Михитарјан.

Но и овој предлог
ќе биде експресно одбиен, шампионот на Италија за Пауло Дибала бара најмалку
150 милиони евра, а оваа сума дополнително ќе се зголеми ако во битката за
потписот на Аргентинецот со вклучат Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани