Џенаро Гатузо дојде до
триумф над Интер во четвртфиналето од Купот на Италија и закажа пресметка со
Лацио во полуфиналето.
За Гатузо синоќешниот
меч беше деби на клупата на Милан на големото дерби против Интер, а тоа го
забележа со победа, победа која можеби ветува нешто ново со оглед на
претходните лоши изданија на тимот под негово водство.
„Во пресрет на мечот
кажав дека ова за нас ќе биде како финале на Светско првенство, некои помислија
дека сум будала. Знаевме колкаво значење има овој меч за нас, требаше да ни
даде смисла за нешто оваа сезона. Сепак, не мислам дека победата ќе ни ги реши
сите проблеми, ние мораме да се подобруваме од меч во меч“ истакна Гатузо.
„Можеби сум најлошиот
тренер во Серија А, но гладен сум за победи, секогаш, таков сум…“ додаде тој.