Јувентус сака убаво да ќари на летното засилување, и да го продаде за 45 милиони по само 6 месеци

by bojan
1 минути читање

„Старата дама“ веќе во јануари може да го продаде Жонатан Давид, напаѓачот не е задоволен од минутажата и размислува за промена на средината.

Јувентус минатото лето успеа да ја победи конкуренцијата и да стигне до потписот на Жонатан Давид, кој пристигна во Торино бесплатно откако му истече договорот со Лил.

Но репрезентативецот на Канада не се снаоѓа најдобро во дресот на „старата дама“, има само еден гол зад своето име и во последно време се почесто е на клупата за резерви.

Тој не е задоволен од минутажата, па како што пренесува новинарот Екрем Конур, веќе размислува за промена на средината.

Јувентус нема ништо против да го продаде по само шест месеци и планира убаво да ќари – поставена е цена од 45 милиони евра.

Се шпекулира дека клубови од Англија, Германија и Турција пројавуваат интерес за услугите на Жонатан Давид.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×