Поранешниот фудбалер на Барселона, кој минатата сезона ја мина како позајмен играч во Жирона, Ориол Ромеу, од денес повторно има клуб.
Откако летово го раскина договорот со каталонскиот гигант, искусниот играч од средниот ред одлучи да ја почека најдобрата понуда за него, а таа стигна од Англија.
Ромеу, кој има 34 години, потпиша договор со Саутемптон, клуб во кој го помина најголемиот дел од својата кариера. За „светците“ досега претходно има одиграно 256 натпревари. Во својата кариера која ја започна во младинските категории на Барселона, Ромеу играше уште за Челси, Валенсија и Штутгарт.
Да потсетиме, Саутемптон неодамна повторно остана без тренер, откако Вил Стил ја заврши својата епизода на клупата на англискиот клуб, па клубот е и во потрага по нов предводник.