„Франс Фудбал“ ја објави листата од 30 фудбалери кои годинава ќе се борат за престижната „Златна топка“.
Овогодинешното издание е посебно, бидејќи наградата ќе биде доделена по 70-ти пат. Свеченоста е закажана за 26 октомври 2026 година во Лондон.
За петта година по ред, критериумите се однесуваат на учинокот на фудбалерите во една цела натпреварувачка сезона, односно периодот од 3 август 2025 до 19 јули 2026 година, наместо на нивните резултати во текот на календарската година.
На листата се најде и минатогодишниот победник Осман Дембеле, но во трката за трофејот во моментов највисоко котираат Хари Кејн, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.
Едно од имињата кои предизвикува најголемо внимание е и Возиња. Голманот на Зеленортските Острови се претвори во вистинска сензација на Светското првенство, каде со своите одлични одбрани го сврте вниманието на фудбалската јавност и обезбеди место меѓу најдобрите 30 играчи во светот.
