Комо в среда ќе го има своето деби во Лигата на шампионите, кога на „Синигаља“ ќе го пречека Лајпциг.
Клубот покрај познатото езеро направи големи и темелни подготовки за историската сезона во Лигата на шампионите. Стадионот беше реновиран и подготвен да го дочека моментот кој со златни букви ќе биде запишан во историјата на клубот.
Она што особено импресионира, а денес го пренесуваат италијанските медиуми, е одлуката на првиот човек на клубот, Мирван Суарс, кој решил да се откаже од своите места на трибините, заедно со неколку свои соработници, за да им ги отстапи на повозрасните навивачи кои со децении го следат Комо.
Поконкретно, станува збор за навивачи родени во 1950 година или порано. На овој начин сакаат да им се заблагодарат на луѓето кои биле со клубот во секој ранг, низ секоја епоха.
Стадионот „Синигаља“ е распродаден за натпреварот со Лајпциг, со нешто помал капацитет поради реновирањето.