Ливерпул забележа победа над Виљареал во последното коло од Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието се најде аргентинскиот репрезентативец Алексис Мекалистер, кој со два погодоци остави силен белег во елитното европско натпреварување.
Играчот за врска двапати ја затресе мрежата на шпанскиот тим, во 36. и 65. минута, со што испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите.
Мекалистер стана првиот фудбалер во историјата на натпреварувањето кој сите осум свои голови ги постигнал на домашен терен, пред навивачите на Ливерпул на легендарниот „Енфилд“.
Аргентинецот претходно се запишуваше во листата на стрелците и на дуелите против Реал Мадрид во 2024 и 2025 година, Болоња во 2024 година, како и Карабах и Атлетико Мадрид во 2026 година. Против Карабах постигна два гола, додека на останатите наведени натпревари постигна по еден.
8 – All eight of Alexis Mac Allister’s UEFA Champions League goals have been scored at Anfield. It’s the most goals scored by a player in Champions League history with all of them coming at the same stadium. Homely. https://t.co/eUrUr96nuJ
— OptaJoe (@OptaJoe) October 20, 2026