Кога Марк Кукуреља во 70. минута од натпреварот влезе во игра на местото на Карерас, на „Сантијаго Бернабеу“ дојдее до една необична ситуација.
Секој допир на левиот бек со топката беше проследен со гласни свирежи. Иако на почетокот се чинеше дека реакцијата на публиката нема смисла, причината всушност е конфликтот со германските навивачи, кој датира уште од Европското првенство во 2024 година, пишува „Марка“.
Безбедносниот план на Реал предвидувал пристигнување на околу 2.000 германски навивачи, кои требало да бидат сместени во посебен сектор на врвот од северната трибина. Меѓутоа, стотици гостински навивачи ја искористиле препродажбата и другите канали за купување билети, па се распоредиле низ целиот стадион, меѓу домашните гледачи. Поради нивната распределеност, се создал впечаток дека свирежите доаѓаат од сите страни, а не само од изолиран дел од трибините.
😮💨 Los aficionados alemanes del RB Leipzig pitaron a Cucurella, 𝐫𝐞𝐜𝐨𝐫𝐝𝐚𝐧𝐝𝐨 𝐬𝐮 𝐦𝐚𝐧𝐨 𝐚𝐧𝐭𝐞 𝐀𝐥𝐞𝐦𝐚𝐧𝐢𝐚 en las semifinales de la Eurocopa 2024. #UCL #LaCasaDelFútbol https://t.co/DGNazZeVeU
— Movistar Plus Deportes (@MPlusDeportes) October 21, 2026
Германските навивачи очигледно не му го простиле на Кукуреља настанот од четвртфиналето на ЕП 2024. Во драматичното продолжение на натпреварот меѓу Шпанија и Германија (2:1) во Штутгарт, топката по ударот на Џамал Мусијала го погоди Кукуреља во раката, но ниту судијата ниту ВАР не досудија пенал.
Шпанија на крајот се пласираше во полуфиналето и така ја елиминираше Германија, која беше домаќин на турнирот. Ситуацијата дополнително ја искомплицира УЕФА, која неколку месеци подоцна официјално призна дека судијата требало да досуди пенал.