Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез е многу блиску до потпис со нов клуб и до враќање во Европа.
Откако го напушти Монтреал и МЛС-лигата, Родригез во летниот преоден рок беше поврзуван со неколку клубови, но досега не успеа да пронајде нов ангажман. Иако моментално не е на нивото на кое би го ангажирал некој од клубовите од најсилните пет европски лиги, тоа не значи дека нема да настапува во една од тие земји.
Напротив, според информациите на „Марка“, Хамес е многу блиску до потпис со италијанскиот второлигаш Авелино.
Од клупата на Авелино тимот го предводи легендарниот Алесандро Неста, а според „Марка“, тој и Хамес веќе разговарале за плановите и се многу блиску до договор. Останува да се усогласат уште финансиските детали, по што официјализацијата би можела да следува наскоро.
Авелино моментално се наоѓа на петтото место во Серија Б, со три бода помалку од Палермо. Нема сомнение дека евентуалното доаѓање на Хамес значително би ги зголемило шансите на клубот од југот на Италија за пласман во елитата.